Оваа веб страна користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб страна и помагате на нашиот тим да разбере кои делови од веб страната ги сметате за најинтересни и корисни.
Контрола на стресот
„Стрес не е тоа што нам ни се случува. Тоа е нашиот ОДГОВОР на она што се случува. А одговорот е нешто што сами можеме да го ОДБЕРЕМЕ“
Стрес е нормална физиолошка и психолошка реакција на секојдневните потреби во текот на животот. Ниско ниво на стрес може да биде добро, да мотивира и да придонесе за успешно справување со разни ситуации во текот на животот. Но, за жал секојдневието е исполнето со едноставни и сложени предизвици, почнувајќи од барање слободно паркинг место или стоење во сообраќаен метеж, па се до решавање на егзистенцијални проблеми. Сите овие ситуации може да водат до ниво што ги надминува индивидуалните можности за справување со нив.
Справувањето со стресот овозможува приод и механизми за повторно враќање на телото во балансирана состојба, пред се по пат на прилагодување односно еластичен приод кон проблемите. Во спротивно, телото ќе биде под постојана висока тревога што се тек на време може да доведе до сериозни здравствени нарушувања.
Затоа не треба да се чека стресот да го наруши здравјето, добрите односи со околината и квалитетот на животот. Треба да се посвети должно внимание на ова и да се почне со примена на методите за справување со прекумерниот стрес.
Информации и новини
Дигестивен систем
Како да постигнам здрава телесна тежина и како да ја одржувам?
Кој е мојот индекс на телесна маса (BMI)?
Кои се моите дневни енергетски потреби? Колку и каква храна треба да консумирам?