Правилна исхрана

Како да постигнам здрава телесна тежина и како да ја одржувам?

Препознавањето на телесната тежина како мерило за здравствениот статус на луѓето е веројатно општо прифатен параметар и највероватно постои oд најраниот период на организираните човечки заедници.

Се до пред нешто повеќе од стотина години поголемата телесна тежина и заобленото тело поради масните наслаги во него се сметале за олицетворение на здравјето и показател на повисокиот општествен статус. Развојот на медицината и утврдувањето на причинителите на заболувањата довело до потврдување на фактот дека прекумерната тежина т.е. вишокот масни наслаги е фактор на ризик за појава на многу болести како: кардиоваскуларните, мозочниот удар, дијабетесот, остеоартритис, неплодност и малигни болести на дојката, матката, дебелото црево и бубрегот.

Дебелина е состојба при која се насобира толку многу телесна маст во човечкото тело што би можело да дојде до појава на негативни здравствени ефекти. Како показател за одредување на прекумерната телесна тежина најшироко употребуван параметар е индексот на телесната маса или боди мас индекс (БМИ), англиски Body Mass Index (BMI). Тоа е математички едноставен индекс којшто вообичаено се користи за класификацијата на возрасните особи според тежината.

Ако вредноста на БМИ е над 24,9 и обемот на стомакот е вон нормалните граници за возраста, пожелно е да се обратите кај нас за превземање мерки за намалување и контрола на телесната тежина. Тоа вклучува:

  • контрола на енергетскиот внес со практикување на правилна исхрана,
  • зголемување на нивото на физичка активност во секојдневниот живот и
  • придржување кон здравите животни навики и справување со прекумерниот стрес.

Ние го практикуваме следниов докажан приод за оваа проблематика:

  • Креирање на личен план за исхрана – ПЕБА диета.
  • Совети и препораки за физичка активност според возраста и општата здравстена состојба и мониторирање на рутината.
  • Постојана лекарска контрола на процесот за намалување и контрола на телесната тежина.
  • Подршка во практикувањето на здравите животни навики и справувањето со прекумерниот стрес.

Треба да се запамти дека за ЗДРАВО намалување на телесната тежина неопходно е ВРЕМЕ за да се постигнат саканите и ОДРЖЛИВИ цели: подобрување на ЗДРАВЈЕТО и посакуваната ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *