Наша деловност

„НутриМедико“ им дава стручна поддршка на сите лица што имаат потреба и определба да почнат и да одржуваат постојан здрав начин на живеење.

 За да се постигне ова, неопходно е:

  • балансирање на сите здрави животни навики со постојаните предизвици на секојдневното живеење,
  • доживотна определба и
  • напор за задоволување на животните потреби коишто обезбедуваат чувство на физичко, ментално, професионално и социјално задоволство.

Со добиеното знаење и поддршка, секојдневно ќе може да се практикува здравиот животен стил, а тоа ќе се отсликува преку начинот на однесување, говорот и мислите. На тој начин им помагаме на луѓето да се однесуваат мудро во однос на личното и општото здравје и да му дадат смисла и значење на животот.

Волшебната формула за постигнување добро здравје, вито тело и бистар ум вклучува: балансиран начин на исхрана, физичка активност според возраста, можностите и општата здравствена состојба и справување со стресот и непријатните ситуации.

Балансиран начин на исхрана;

Физичка активност според возраста, можностите и општата здравствена состојба;

Справување со стресот и непријатните ситуации;

Нашиот приод кон реализација на одлуката за практикување здрав животен стил значи:

  • примена на најновите сознанија базирани на докази ;
  • придржување кон законите и етичките норми;
  • разбирање за луѓето и различностите;
  • одговорност;
  • почит кон клиентите и самите себе;
  • соработка;
  • координација;
  • достапност според потреба;
  • контрола;
  • интерактивност;
  • исплатливост на инвестицијата;

Примена на најновите сознанија базирани на докази

Успех не може да се постигне со трендовски пристап и методи што не се базират на познавање, докажани податоци и упорност.

Практикувањето на сознанијата базирани на докази ни овозможува систематски приод кон решавањето на проблемите на патот кон водење здрав живот. Тоа дозволува интегрирање на сознанијата од најдобрите достапни испитувања, познавањето на проблематиката и професионалниот пристап со индивидуалните вредности на секој поединец што бара наша стручна поддршка. Совесниот пристап врз база на сознанијата овозможува ослободување од предрасудите и помага во примената на начин со кој ќе се подобри начинот на којшто живеат и работат луѓето.

Нашата експертиза заедно со најдобрите светски и локални сознанија во оваа област, како и индивидуалните вредности на клиентите и нивните очекувања на крајот треба да водат до успешна и долготрајна определба за практикување здрав животен стил..

Придржување кон законот и етичките норми

Со етичкиот пристап во работењето ги почитуваме клиентите и севкупното опкружување.

Интегритетот на нашето работење е втемелено на реалноста, фактите и вистините, односно точноста на применетите методи и деловни активности. Нашите вредности се темелат на силната желба да придонесеме во примената и практикувањето на здравиот животен стил кај сите лица мотивирани и заинтересирани за тоа.

Деловните и личните етички принципи се интегрирани во нашиот приод кон работењето со отвореност, чесност, почит кон себе, клиентите и околината, правичност, непристрасност и одговорност.

Почитувањето на законските норми за нас не значи само стереотипно придржување кон параграфите туку и општествена одговорност и придонес кон стремежите за воспоставување и одржување поздрави и попродуктиви индивидуи, а со тоа и просперитетна нација.

Разбирање за луѓето и различностите

Ги прифаќаме луѓето такви какви што се, се поврзуваме со нив, добиваме сознанија за нив и го извлекуваме најдоброто од нив што помага во промена на стереотипното однесување.

Разбирањето на луѓето и нивните различности од аспект на јазикот, културата, социјалното однесување, економските и животните потреби станува сè поважно. Кога се работи за разновидноста, се мисли на луѓето, околината во која живеат и работат и почитувањето на оние што се поинакви од нас.

Земањето на различностите предвид значи дека сме подготвени и размислуваме како да дејствуваме за остварување на заедничките цели. Различноста го прави секој човек уникатен што се темели на биолошкото наследство, етникумот, географското потекло, семејниот живот, верата, начинот на однесување, животното и професионалното искуство.

Различноста значи и индивидуален пристап кон секој клиент без употреба на стереотипи по принципот: „Една големина на облека им одговара на сите“. Почитувањето на различноста ни помага, олеснува, овозможува надзор, соработка и ослободување од предрасуди, приод кон успешно и долгорочно практикување здрав начин на живеење. Тоа дополнително нè инспирира и мотивира да споделуваме и евалуираме идеи и сознанија, на чесен и отворен начин, без измами и лажни ветувања.

Одговорност

Не прифаќаме изговор зошто тој има смисла само
за оној што го створил.

Ние сме фокусирани кон клиентот и ги земаме предвид сите елементи за заштита на заедничкиот интегритет. На тој начин полесно ги откриваме и поуспешно се справуваме со проблемите во ефикасно практикување на здравиот животен стил.

Ние знаеме дека дејствуваме во висококонкурентна деловна околина. Затоа се трудиме постојано да излегуваме во пресрет на постојано менливите потреби и очекувања на клиентите со посветеност, на отворен, чесен и високопрофесионален начин.

Ние сме посветени кон подобрување и одржување на доброто здравје на нашите клиенти на безбеден начин, со што придонесуваме за лична и општествена благосостојба.

Постои заемна потреба и поврзаност од нашето работење со очекувањата и желбите на клиентите. Тие имаат потреба од она што го даваме, а ние сме свесни дека без нив нема причина да постоиме. Тоа е основниот заеднички интерес што води кон успех и заемно задоволство од резултатите на работењето.

Почит кон клиентите и самите себе

Подготвени сме да ги слушаме зборовите на клиентот и одговорно пристапуваме кон интервенцијата за подобрување на неговиот животен стил или навики што е извор на почитта кон другите и самиот себе.

Разбирањето на луѓето и нивните различности од аспект на јазикот, културата, социјалното однесување, економските и животните потреби станува сè поважно. Кога се работи за разновидноста, се мисли на луѓето, околината во која живеат и работат и почитувањето на оние што се поинакви од нас.Ж

Земањето на различностите предвид значи дека сме
подготвени и размислуваме како да дејствуваме за остварување на заедничките цели. Различноста го прави секој човек уникатен што се темели на биолошкото
наследство, етникумот, географското потекло, семејниот живот, верата, начинот на однесување, животното и професионалното искуство.

Различноста значи и индивидуален пристап кон секој клиент без употреба на стереотипи по принципот: „Една големина на облека им одговара на сите“. Почитувањето на различноста ни помага, олеснува, овозможува надзор, соработка и ослободување од предрасуди, приод кон успешно и долгорочно
практикување здрав начин на живеење. Тоа дополнително нè инспирира и мотивира да споделуваме и евалуираме идеи и сознанија, на чесен и отворен начин, без
измами и лажни ветувања

Соработка

Воспоставуваме дух на соработка и така ги постигнуваме заедничките успеси..

Ние веруваме дека добрата соработка и комуникација со клиентите е многу битен елемент за успешен исход во решавањето на проблемите со практикување здрави животни навики и остварливо одржување на таквиот пристап и начин на живеење.

Со внимателно слушање, посветеност и конструктивен приод кон потребите и желбите на клиентите се фокусираме во заедничката реализација и остварувањето на поставените цели. На тој начин сакаме „да му влеземе под кожа на клиентот“ за да ги сознаеме начинот на неговото гледање и пристапот кон работите и да понудиме остварливи решенија и најблиски алтернативи за остварување на посакуваните цели.

Нашата цел и посветеноста од соработката со клиентите е да ги надминеме нивните очекувања, односно да бидат задоволни, а ние уште побогати со стручни искуства и сознанија од тоа.

Координација

Нашите активности се координирани што е во основа интерес за постигнување на целта.

Според нас, основата на соработката со клиентот лежи во неговата доверба во нас како доследен и доверлив извор на информации и сервис во врска со применувањето на здравиот начин на живеење, особено на здравата исхрана.

Ние ги имаме потребните вештини, знаење, време, флексибилност и интердисциплинарна поврзаност за да го обезбедиме бараниот сервис и да излеземе во пресрет на потребите на клиентот. Со адекватниот број клиенти во даден период обезбедуваме доволно време за секој клиент посебно, со што заеднички добиваме оптимално време за размена на информации и успешен приод за решавање на проблематичните ситуации.

На овој начин го следиме патот на клиентот без разлика на повремени отсуства од разни причини поради флексибилните пакети на услуги што ги правиме според индивидуалните потреби.

Достапност според потреба

Ние сме достапни според потреба што треба да ве води до зголемување на личната способност.

Достапност според потреба за нас не значи само можност за клиентот да стапи во контакт кога има потреба или да се излезе во пресрет на некои тешко остварливи или невозможни барања што водат до нереални очекувања, туку овозможува позитивно и инспиративно искуство што води кон долгорочно и одржливо практикување на здравите животни навики, пред сè на исхраната.

Ние сме се определиле принципите на здравиот животен стил да им ги направиме достапни на оние што сакаат да ги применуваат или заеднички да ги подобриме на оние што веќе ги практикуваат.

За да го оствариме тоа, континуирано се обучуваме и се фокусираме на клиентите во приспособувањето кон нивната агенда свесни за нивните чувства, со оптимизам и заедничка работа, за да ги исполниме нивните потреби и да ги реализираме поставените цели, на заемно задоволств

Контрола

Причината поради која луѓето водат нездрав начин на живеење зависи директно од лошото поврзување на работите врз кои треба да имаaт контрола.

За нас во НутриМедико контролата не значи само надгледување на клиентот во остварувањето на заеднички поставените цели. Суштински, тоа се нашите вработени и соработници, третманот на нашите клиенти и нивното чувство поврзано со соработката со нас. Ние ги цениме нашите вработени и соработници, а тоа го рефлектираме и на нашите клиенти да се чувствуваат вреднувани со што ја градиме нивната лојалност.

Нашата работна култура е да обезбедуваме врвен сервис за нашите клиенти. Ние сме тука да ги слушаме нивните потреби и остварливи желби. Услугите што ги даваме претставуваат грижа за клиентот и на тој начин ја создаваме меѓусебната доверба и лојалноста кон нас.

Така грижејќи се за потребите на нашите клиенти, ја остваруваме и контролата врз процесот за непречен тек на преземените активности и подобар исход од поставените цели.

Интерактивност

Здравиот животен стил е возбудлива интерактивна приказна, испреплетена со загатки и препреки што ги истражуваме, решаваме и надминуваме за да се постигне долгорочна и одржлива состојба.

Интерактивноста во комуникацијата меѓу нас и луѓето од околината во однос на прашањата за здравјето и благосостојбата поврзана со тоа се темели на директните контакти и користењето на информациската технологија, пред сè, на интернетот. На тој начин ја прошируваме флексибилноста на можностите за едукација и интервенција достапни во превентивната медицина и здравствената наука. Предностите на интерактивната здравствена комуникација вклучуваат подобрена прифатливост, новитети и привлечност за употреба на информациската технологија која обезбедува флексибилност и автоматизација. Со ваквиот обмислен пристап ги зголемуваме доследноста, сигурноста и квалитетот на дадените информации.

Интерактивноста им влева доверба на нашите клиенти како партнер и затоа нивниот успех во напорот за воспоставување здрав животен стил е и наш успех. Без разлика на тоа дали е целта подобрување на здравјето, намалување на трошоците за лекување или подобрување на продуктивноста, ние сме тука за да ви помогнеме. Преку подобрување на општата здравствена состојба на поединецот, помагаме и во остварување на деловните цели на компаниите.

Интерактивниот пристап помага во остварувањето на мисијата на НутриМедико: подобрување на општата здравствена состојба на клиентите, а со тоа и остварување лична корист за нив и за нивното опкружување. Нашата платформа може да се примени во која било здравствена програма и е направена да создава здравствена култура кај поединци и пошироката општествена средина. Со примена на таквиот приод во подобрување на општото здравје, работните организации остваруваат конкурентна предност во однос на другите компании. Со нас примената на здравите животни принципи и навики е забавно и едноставно.
Благодарејќи на вклопениот интерактивен приод, нашите решенија се сеопфатни, флексибилни и во соодветен размер индивидуално приспособени за клиентите коишто овозможуваат долгорочно и одржливо подобрување на здравјето.

Исплатливост на инвестицијата

Практикувањето на здравиот животен стил е најисплатливата инвестиција за подобро здравје и поквалитетен живот.

Се верува дека за да се биде успешен е потребна лична инвестиција во три области, што е секогаш исплатлива и никогаш погрешна: здравје, знаење и мрежа на лични и деловни пријатели. Инвестицијата во сопственото здравје подразбира „инвестиција“ во применувањето здрав животен стил што неколкукратно ќе се мултиплицира во понатамошниот тек од животот.
Инвестицијата во себе и за себе пред сè значи одвојување време и делумно финансии, со интервенција во дел од слободното време наместо правење навистина неважни и безвредни работи. Со тоа ќе се помогне во одржување на правилниот баланс меѓу обврските на професионален и на приватен план и задоволството на живеењето.

Се разбира дека ниедна друга инвестиција во самите себе не е вредна ако пред сè не инвестираме во здравјето. Тоа ги одредува ефикасноста и ефективноста на нашиот севкупен живот, а најдобар начин за прекрасно чувство е практикување на здрав животен стил.
Ние сме тука, и на ваше располагање, за да ви помогнеме во реализацијата на инвестицијата во вашиот здрав животен стил.

Кошничка
Facebook Twitter Instagram YouTube
Start typing to see products you are looking for.