Советувалиште

Промената на животниот стил не е лесна работа. Затоа сме ние постојано со вас за да ви помогнеме во тоа!

Промената на животниот стил е процес за кој се потребни време и поддршка. Почетна и истовремено полесна етапа на тој пат е донесената одлука од потребата за промена, но потешкотиите се јавуваат во подготовеноста за следење на патот и непречено пристигнување на целта.

За успешно остварување на посакуваната цел подготвуваме детални, специфични односно персонализирани планови што се вистински остварливи. Започнуваме со мали краткорочни и мерливи планови. Продолжуваме со постепено менување на несоодветните навики во исхраната што предизвикувале проблеми без влијание врз секојдневните активности. Заедно одиме понатаму и ги прославуваме  успесите. Никој не е совршен па заедно ги споделуваме потешкотиите и кратотрајните неуспеси.

Со разбирање за се она што се случува на патот кон целта помагаме со јасни препораки и подршка во донесуање на правилни одлуки за успешно пристигнување до одредницата, што ќе овозможи понатамошен поздрав и поквалитетен живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *