Физичка активност

„Редовната физичка активност е една од исклучително важните работи што можете да ги направите за добро здравје“

Редовната физичка активност обезбедува долгорочна корист по здравјето за секого и тоа е факт што не смее да се занемарува. Секој има корист од вежбањето без разлика на возраста, полот и телесните можности. За да се постигне добар психофизички развој кај децата и младите треба што е можно порано да се вклучи физичката активност во нивното секојдневие. Но, никогаш не е доцна да се започне со редовно рекреативно вежбање. Физичката активност обезбедува општо добро чувство, го продолжува животот и помага во одржување на доброто здравје:

    • ја контролира телесната тежина во содејство со модифицираната исхрана,
    • го намалува ризикот од заболувања:
      – срцево-садовни,
      – дијабетес и метаболичен синдром,
      – некои малигни заболувања,
    • го ојачува мускуло-скелетниот систем,
    • го подобрува менталното здравје и општото расположение;
    • го подобрува вршењето на дневните активности и се намалуваат можностите од тешки повреди (скршеница на колк или прешлен), особено кај постарите лица и
    • ги зголемува шансите за поквалитетен живот.

Одбојност кон физичката активност поради страв од повреди не смее да е пречка зошто на пример пешачењето со средна брзина во принцип е безбедно за повеќето луѓе. Позната вистина е дека физичката активност далеку повеќе му носи корист на телото отколку што носи ризик од штета или повреда.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *