Физичка активност

„Редовната физичка активност е една од исклучително важните работи што можете да ги направите за добро здравје“

Редовната физичка активност обезбедува долгорочна корист по здравјето за секого и тоа е факт што не смее да се занемарува. Секој има корист од вежбањето без разлика на возраста, полот и телесните можности. За да се постигне добар психофизички развој кај децата и младите треба што е можно порано да се вклучи физичката активност во нивното секојдневие. Но, никогаш не е доцна да се започне со редовно рекреативно вежбање. Физичката активност обезбедува општо добро чувство, го продолжува животот, помага во одржување на доброто здравје и го подобрува квалитетот на живеењето

  1. ја контролира телесната тежина во содејство со прилагодената исхрана;
  2. го намалува ризикот од заболувања:
    • срцево-садовни;
    • дијабетес иметаболичен синдром;
    • некои малигни заболувања;
  3. го ојачува мускуло-скелетниот систем;
  4. го подобрува менталното здравје и општото расположение;
  5. го подобрува вршењето на дневните активности и се намалуваат можностите од тешки повреди (скршеница на колк или прешлен), особено кај постарите лица;
  6. ги зголемува шансите за поквалитетен живот;
Одбојност кон физичката активност поради страв од повреди не смее да е пречка зошто на пример пешачењето со средна брзина во принцип е безбедно за повеќето луѓе. Позната вистина е дека физичката активност далеку повеќе му носи корист на телото отколку што носи ризик од штета или повреда.
 
 

Дали имате здрав животен стил?

Персонализирана проверка

Кошничка
Facebook X Instagram YouTube
Start typing to see products you are looking for.