Оваа веб страна користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб страна и помагате на нашиот тим да разбере кои делови од веб страната ги сметате за најинтересни и корисни.
Услуги
Почеток » Услуги
Што нудиме
Ние сме секогаш тука за да ви помогнеме во остварувањето на вашите цели! НутриМедико не е уште еден диет клуб што нуди чудни, неосновани, „индустриски“, трендовски и пребирливи диети. Кај нас се применуваат најновите сознанија базирани на стручни докази со придржување кон највисоките етички норми.
Секогаш ги имате нашата помош и поддршка без разлика на тоа дали сте загрижени за здравјето, сакате да ослабете или пак да изгледате подобро. Ние имаме разбирање за вашите индивидуални различности и затоа пристапуваме со најголема одговорност кон тоа.
НутриМедико дава вистински решенија преку почититување на нашата работа во служба на клиентите со персонализиран пристап, што значи балансирана употреба на она што го има во природата и во нашето опкружување. Притоа, постојано и активно соработуваме со вас за да може со правилна координација да воспоставите навики за здрав животен стил и точни енергетски потреби и да го одржувате тоа со практикување на здравиот животен стил. На тој начин постојано ќе знаете до каде сте со примената на здравиот начин на живеење и притоа остануваме да бидеме блиску до клиентите, односно до вас.
Бидете со нас и ќе откриете дека слабеењето и примената на здравиот начин на живеење никогаш не биле полесни.
Нашите услуги се дизајнирани за да ви помогнат во постигнување на вашите здравствени цели на најефективен начин. НутриМедико ви нуди:
Неделен план за исхрана
Персонализиран план кој го добивате секоја недела, направен од наши експерти.
Месечен план за исхрана
Долгорочни решенија за вашето здравје и благосостојба
1 на 1 сесии со лекар
Индивидуални консултации за да ги добиете најдобрите совети и поддршка.
Блог совети и емаил совети
Корисни информации и совети директно до вас.