Советувалиште

„Тајната на промената се состои во усмерувањето на енергијата кон иднината, а не борба со минатото”

Тајната на промената се состои во усмерувањето на енергијата кон иднината, а не борба со минатото. Постигнатиот успех при тоа е директен резултат на сопственото задоволство од сознанието дека според способностите е направено сé најдобро што може да се направи.“

Современиот динамичен живот е полн со предизвици со кои секојдневно се соочуваме чекорејќи по нагорни и надолни животни патеки. Од време на време се појавуваат ситуации во кои е потребна стручна помош за справување со нив, како што е на пример примената на здравите животни навики во секојдневието: балансирана исхрана, практикување физичка активност и контрола на прекумерниот стрес. Ние сме подготвени да помогнеме во тоа зошто работиме според индивидуалните потреби на клиентот, а не шематски. Во таа смисла можеме да:

– помогнеме во надминување на потешкотиите во примената на здравите животни навики преку проширување на знаењата и со тоа да се постигнат одржливи позитивни промени;
– создадеме услови за безбедна атмосфера на доверба како основа за постигнување на долгорочен успех;
– ги надминете нејаснотиите околу примената на здравиот животен стил и да го активирате внатрешниот потенцијал со што ќе направите ефективна одлука по сопствен избор за да си помогнете себеси;
Овој процес на подршка има за цел пред се да ви овозможи проширување на сознанијата поврзани со здравиот животен стил и да ви ја олесни неговата примена. Тоа може да се оствари преку лични средби во нашите канцеларии или по пат на комуникациски платформи преку интернет.

Најновите сознанија поврзани со здравиот животен стил се систематизирани тематски, структурирани според компонентите што го сочинуваат, со цел за едноставен и лесен достап до потребните информации:

Напишете коментар