Индекс на телесна маса

Индекс на телесна маса

Индекс на телесна маса за некое лице претставува однос помеѓу неговата тежина и висина. Математички тоа се пресметува кога тежината во килограми ќе се подели со висината на квадрат изразена во метри. БМИ директно не го мери количеството на масно ткиво во телото, но испитувањата покажале дека овој индекс е во сооднос со директното мерење на масното ткиво со постоечките методи. Понатаму, се утврдило дека овој индекс има многу точен сооднос со разни метаболички болести и последиците по здравјето од нив, што е докажано и со други директни методи за одредување на количеството масно ткиво во телото. Општо земено, одредувањето на БМИ е брз, ефтин и едноставен начин за одредување на категориите во кои спаѓаат луѓето според телесната тежина.

Одредувањето на БМИ е брза и ориентациона проверка на телесната конституција за масовна примена, но не претставува дијагностичка процедура за одредување на евентуалниот ризик по здравјето на човекот. Дефинитивно мислење за ризикот по здравје дава доктор кој највероватно ќе превземе и други неопходни испитувања за таа цел.
 
Кошничка
Facebook Twitter Instagram YouTube
Start typing to see products you are looking for.