Редовната физичка активност обезбедува долгорочна корист по здравјето за секого и тоа е факт што не смее да се занемарува. Секој има корист од вежбањето без разлика на возраста, полот и телесните можности. За да се постигне добар психофизички развој кај децата и младите треба што е можно порано да се вклучи физичката активност во нивното секојдневие. Но, никогаш не е доцна да се започне со редовно рекреативно вежбање. Физичката активност обезбедува општо добро чувство, го продолжува животот и помага во одржување на доброто здравје:
- ја контролира телесната тежина во содејство со модифицираната исхрана,
- го намалува ризикот од заболувања:
- срцево-садовни,
- дијабетес и метаболичен синдром,
- некои малигни заболувања, - го ојачува мускуло-скелетниот систем,
- го подобрува менталното здравје и општото расположение;
- го подобрува вршењето на дневните активности и се намалуваат можностите од тешки повреди (скршеница на колк или прешлен), особено кај постарите лица и
- ги зголемува шансите за поквалитетен живот.