НутриМедико
 
 
 
 
 
 
 
 
mk | en
 
 
 
 
 
Пребарувај
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Политика за приватност на онлајн продавницата на НутриМедико

 

Општи начела

 
МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико Скопје, јасно ја покажува својата посветеност за заштита на приватноста и податоците со опфаќање на следниве принципи:

  • МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико не зема лични податоци повеќе од потребното и само за цели според законот.
  • МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико ги користи личните податоци според законот, чесно и на транспарентен начин.
  • МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико не задржува податоци повеќе од неопходното, ниту пак ги чува подолго од потребното.
  • МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико ги заштитува личните податоци со соодветни безбедносни мерки.

Податоци што ги собираме

Оваа политика е применлива само за податоците добиени односно собрани преку нашата мрежна страница. Ние собираме два типа информации од посетителите на нашата мрежна страница:
1. Лични податоци.
2. Податоци што не спаѓаат во категоријата лични податоци.
„Личен податок“ е информација што го препознава вашиот идентитет според податоците што сте ни ги приложиле, како што се името и презимето, адресата, телефонскиот број, е-пошта и понекогаш IP-адреса. Ние смееме да ги собереме овие информации кога создавате кориснички профил и ја посетувате нашата мрежна страница или ја комплетирате набавката.

„Податоци што не спаѓаат во категоријата лични податоци“ може да бидат од техничка природа. Тие не го идентификуваат вашиот идентитет. Пример за тоа може да вклучат но не и да ги ограничат колачиња, мрежни идентификатори („бубачки“) и демографски информации.

Податоци при користење

За да си го подобрите искуството при користењето на нашата мрежна страница, ние смееме да собираме информации и за тоа како се движите низ мрежната страница, каква е врската, но и за другите технички податоци што ги користите за пристап до мрежната страница. Овие податоци смеат да вклучат информации како што се интернет-протокол (на пример IP-адреса) на вашиот компјутер, тип на пребарувач и негова верзија, посетени локации на нашата мрежна страница, време и датум на посетата, времето поминато на страницата и локациите, специфичен идентификатор на уредот и други дијагностички податоци.

Податоци за локација

Ние смееме да користиме и да чуваме информации за вашата локација ако ни дадете дозвола за тоа. Овие податоци ги користиме за да го подобриме и да ви го збогатиме искуството при купувањето. Можете да си ја дозволите или да не си ја дозволите оваа можност во кој било момент при користењето на нашите услуги преку нагодувањата од вашиот уред.

Податоци за следење и колачиња

Ние користиме и задржуваме одредени информации за колачиња и слични технологии за следење за да ги мониторираме активностите на нашата мрежна страница. Колачиња се досиеја со малку податоци што смеат да вклучат единствен непознат идентификатор. Колачињата се пратени на вашиот пребарувач од нашата мрежна страница и се зачувани на вашиот уред.
Се користат и други технологии за следење како бубачки, етикети и записи за собирање и следење информации и за подобрување и анализирање на нашата мрежна страница. Може да му дадете инструкција на вашиот пребарувач да ги одбие сите колачиња или да означите кога се испратени колачињата. Но ако не ги прифатите колачињата, можеби нема да бидете во можност да користите некои делови од нашата мрежна страница.

Користење на податоци

МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико подружница НутриМедико користи и собира податоци за различни цели:

● да ги обезбедиме и да ги одржиме нашите услуги;
● да ве известиме за промени на политиките и деталите за нарачка;
● да обезбедиме поддршка на клиентите;
● да собереме анализи или вредни информации со што ќе ја подобриме нашата мрежна страница и сервисите што ги нудиме;
● да ја следиме пристојноста на корисниците на мрежната страница;
● да откриваме и спречуваме технички прашања и да известуваме за нив;
● да ви обезбедуваме новини, специјални понуди и општи информации поврзани со други продукти, услуги и настани што ги нудиме, а се слични со оние што веќе сте ги набавиле или имате интерес за нив освен ако не сте ја одбрале можноста да не добивате такви информации.

Чување, пренос и задржување на податоци

Личните податоци што ги собираме од вас обично се чуваат во држава од Европската Унија (ЕУ), Европската економска зона (ЕЕЗ) или во САД. Исто така, секогаш кога е потребно податоците смеат да се пренесат и да се обработат во држава надвор од ЕУ/ЕЕЗ или САД. Кој било пренос на вашите лични податоци ќе биде спроведен во согласност со важечките закони без да се нарушат вашите уставни права.

Вашите информации, вклучително и личните податоци смеат да бидат пренесени и одржувани на компјутери лоцирани надвор од вашата држава или друга управна област каде што законите за заштита на податоците може да се разликуваат од оние во вашата држава.

Ако сте лоцирани во странство и одберете да ни доставите информации, треба да знаете дека ние правиме пренос на податоци за обработка, вклучително и личните податоци.
МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико ќе ги преземе сите разумно неопходни чекори за безбедно постапување со вашите податоци во согласност со Политиката за приватност. Притоа нема да се направи пренос на вашите лични податоци на организација или држава освен ако постојат соодветни контроли вклучително и безбедност на вашите податоци и други лични информации.
Ние ќе ги задржиме вашите податоци сè додека сте клиент на МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико и во временски период што се бара за чување за да се обезбеди дека се задоволени нашите законски барања низ целиот свет.

Пристап до податоци

Вашите лични податоци им се на располагање и достапни само на оние на коишто им се потребни за зaвршување одредена цел за обработка. Во неопходен опсег, вашите лични податоци смеат да се споделуваат со добавувачи и подизведувачи коишто изведуваат одредени задачи во име на МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико и со трети страни, вклучително но не и ограничено на користење споделени лични информации со нас или што сме ги прибрале индиректно за да се потврди вашиот идентитет поради спречување од измами.


Безбедност на податоци

Безбедноста на вашите податоци ни е важна, но запомнете дека не постои 100% безбеден метод за пренос на податоци преку Интернет или за нивно електронско складирање. Ние се стремиме да користиме комерцијално прифатливи средства за заштита на личните податоци, но не можеме да гарантираме за нивната апсолутна безбедност.


Откривање на податоци

Под одредени околности на МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико смее да му се побара да ги открие вашите лични податоци според законски барања или како одговор на полноважно барање од општествените институции (на пример суд или владини институции).

Законски барања
МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико смее да ги открие вашите лични податоци со доверба и верување дека тоа е неопходно за:

● исполнување на законски обврски;
● заштита и одбрана на правата за сопственост на МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико;
● спречување или испитување поврзано со можна злоупотреба со мрежната страница;
● заштита на личната безбедност на корисниците на мрежната страница или јавноста;
● заштита од законска одговорност.

Ваши права за заштита на податоци

Право на пристап
Имате право да барате информација во кое било време за вашите лични податоци што се кај нас. Можете да го контактирате МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико, а ние тоа ќе ви го обезбедиме преку е-пошта.

Право за преносливост
Имате право да добиете копија за пренос на вашите лични податоци или до трета страна секогаш кога МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико ги обработува вашите лични податоци. Ова ги вклучува само личните податоци што ни се нам доставени.

Право за исправки
Имате право да барате исправка на вашите лични податоци ако се погрешни информациите, вклучувајќи и право за комплетирање на некомплетни лични податоци.

Право на бришење
Имате право да избришете во секое време кој било личен податок обработен од МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико освен во следниве ситуации:
● имате тековна работа со Сервисот за клиенти;
● имате отворена нарачка којашто сè уште не е испратена или е делумно испратена;
● имате ненамирен долг кон МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико без оглед на начинот на плаќање;
● ако во последните четири години сте осомничени или сте го злоупотребиле нашиот сервис;
● ако во последните три години или една година за починати клиенти вашиот долг е продаден на трета страна;
● ако во последните три месеци е одбиена вашата апликација за кредитирање;
● ако сте направиле каква било набавка, вашите лични податоци поврзани со трансакцијата ќе бидат зачувани за книговодствени цели.

Ваше право на приговор за обработка базирано на законски интерес
Имате право на приговор за обработка на вашите лични податоци базирано на законскиот интерес на МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико. МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико нема да ја продолжи обработката на вашите лични податоци освен ако не покажеме законски основи за обработка што ги надгласуваат вашите интереси и права или поради законски барања.

Право за ограничување
Имате право да барате МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под следниве околности:
● ако приговарате на законскиот интерес за обработка на МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико, тогаш МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико ќе ја ограничи секоја обработка на таквите податоци сè додека не се реши и потвди таквиот законски интерес;
● ако сте изјавиле дека вашите лични податоци се неточни, МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико мора да ја ограничи секоја обработка на таквите податоци сè додека не се реши и потврди точноста на личните податоци;
● ако обработката не е законска, можете да се спротивставите на бришењето на личните податоци и наместо тоа да барате ограничување на употребата на вашите лични податоци;
● ако на МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико понатаму не му се потребни вашите лични податоци, туку ви се бара да ги браните законските барања.

Информација за тајност од Актот за тајност на потрошувачите од Калифорнија (CCPA)

Овој дел се однесува само за клиентите на МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико што се државјани на Калифорнија, САД, и ги дополнува деталите предвидени во нашата Политика за тајност и содржи достапни информации што се бараат во Актот за тајност на потрошувачите од Калифорнија (CCPA). Кој било термин одреден во (CCPA) има исто значење кога се употребува во оваа забелешка.

Прибрани (собрани) информации
Ние можеме да ги прибереме следниве лични информации за вас кога ја користите нашата мрежна страница:
● идентификација, како што се име и презиме, адреса, единствениот персонален број за идентификација, е-пошта, телефонски број, бројот на интернет-протоколот (IP) од вашиот уред, компјутерски програми и идентификациски броеви поврзани со вашиот уред;
● заштитени класификации, како род;
● трговски информации, како што се записи за продуктите или сервисите што сте ги набавиле, добиле или разгледале;
● интернет или други електронски информации што се однесуваат на вашата историја за прелистување, пребарување, посетени мрежни страници пред да дојдете на нашата мрежна страница, должина на посетата и бројот на прегледани страници, податоци за текот на кликнувањата, склоност кон локации, вашиот мобилен оператор, печати за времето и датумот поврзани со трансакциите и информација за конфигурацијата на системот;
● вашата геолошка локација во обем конфигуриран на вашиот уред за да ни дозволи прибирање на такви информации;
● звучни записи на вашиот глас ако нè повикате, како што е законски дозволено;
● информации поврзани со професијата или вработувањето ако се бараат и се обезбедат;
● заклучоци за вашите склоности, карактеристики, однесување и ставови.
Повеќе информации поврзани со собирањето и начинот на собирање на личните информации можете да најдете во делот насловен како „Користење на податоци“.

Користење на лични информации
Ние ги собираме вашите лични информации за деловни цели опишани погоре во делот насловен како „Користење на податоци“. CCPA ја дефинира „деловната цел“ како користење на лични информации за деловни и оперативни цели или други означени цели што обезбедуваат разумна, неопходна и пропорционална употреба на личните информации за постигнување оперативна цел за која се собрани личните информации или друга оперативна цел што е поднослива со околностите и фактите во кои се собрани личните информации.

Споделување на лични информации
Ние смееме да ги обелодениме вашите лични информации на организација за деловни цели. Кога обелоденуваме лична информација за деловна цел, влегуваме во договор што ја опишува целта и бара од организацијата што ја прима личната информација да ја чува во тајност и да не ја употребува за никаква друга цел освен за изведување на договорот со нас.
Ние ја обелоденуваме вашата лична информација за деловна цел во категории на трети страни опишани погоре во делот насловен како „Пристап до податоци“.

Ваши права
Ако сте жител на Калифорнија имате права поврзани со вашите лични информации, но со одредени исклучоци. На пример, ние не можеме да обелодениме специфични делови од личните информации ако тоа би создало значителен, јасен и неразумен ризик за безбедноста на личните информации, вашата безбедна сметка кај нас или безбедноста на нашиот мрежен систем.
Права против дискриминација
Имате право да не бидете дискриминирани против примената на кое било од правата опишани во овој дел. Ние нема да ве дискриминираме против правото да знаете, избришете или да напуштите аукција односно продажба.

Право да знаете
Имате право написмено да барате: листа на категории за лични податоци како што се име и презиме, е-пошта, дека деловните активности се обелоденети на трети лица во текот на календарската година за директни промотивни цели, имињата и адресите на сите такви трети страни.
Дополнително имате право да барате:
● категории на вашите лични податоци што сме ги прибавиле;
● категории на извори од каде што се добиени вашите лични податоци;
● деловните и комерцијалните за кои се добиени информациите;
● категории на трети страни со кои сме ги споделиле личните информации;
● специфични делови од лични информации што ги чуваме за лицето.
Имате право да барате копија од специфични информации што сме ги прибавиле за вас во период од дванаесет (12) месеци пред вашето барање.

Право за бришење
Имате право да барате од нас да избришете која било лична информација што сме ја добиле од вас или ја одржуваме, а е поврзана со вас што е предмет на одредени исклучоци.
Потврдата за вашето право да знаете или да се бришат вашите лични податоци е според делот „Практикување на ваши права“, што е подолу во документов. За да го потврдиме вашиот идентитет, ние смееме да бараме проверка на вашите лични податоци што веќе ги имаме во досието. Ако не можеме да го потврдиме вашиот идентитет од информациите што ги имаме во досието, смееме да ви побараме дополнителни информации што ќе бидат само за употреба при потврдување на вашиот идентитет поради безбедност или спречување измама.

Право да се повлечете од продажба
Имате право да се повлечете од продажба на вашите лични информации. Ние не ги продаваме вашите лични информации. Дополнително, според Цивилниот законик на Калифорнија дел 1798.83 дозволува клиентите на МетаМедико ДООЕЛ Скопје, подружница НутриМедико кои се жители на Калифорнија да бараат одредени информации за обелоденување на нивните лични податоци на трети страни за нивните директни промотивни цели. Ве молиме дозволете ни период од 30 дена за одговор. За да се направи такво барање, контактирајте нè според упатството „Практикување на вашите права“ во делот подолу.

Практикување на вашите права (Контактирајте нè)

Кон заштитата на податоците приоѓаме многу сериозно и за таа цел имаме персонал за Сервис на клиенти кој постапува по барањата поврзани со вашите права опишани погоре. Секогаш можете да ни се обратите на contact@nutrimedico.mk

Ажурирано: 1февруари 2021 година