Разбирањето на луѓето и нивните различности од аспект
на јазикот, културата, социјалното
однесување, економските и животните потреби станува сè поважно. Кога се работи
за разновидноста, се мисли на ...
Прочитај повеќеРазбирањето на луѓето и нивните различности од аспект
на јазикот, културата, социјалното
однесување, економските и животните потреби станува сè поважно. Кога се работи
за разновидноста, се мисли на луѓето, околината во која живеат и работат и
почитувањето на оние што се поинакви од нас.
Земањето на различностите предвид значи дека сме
подготвени и размислуваме како да дејствуваме за остварување на заедничките цели.
Различноста го прави секој човек уникатен што се темели на биолошкото
наследство, етникумот, географското потекло, семејниот живот, верата, начинот
на однесување, животното и професионалното искуство.
Различноста значи и индивидуален пристап кон секој
клиент без употреба на стереотипи по принципот: „Една големина на облека им
одговара на сите“. Почитувањето на различноста ни помага, олеснува, овозможува
надзор, соработка и ослободување од предрасуди, приод кон успешно и долгорочно
практикување здрав начин на живеење. Тоа дополнително нè инспирира и мотивира
да споделуваме и евалуираме идеи и сознанија, на чесен и отворен начин, без
измами и лажни ветувања.