Редовната физичка активност обезбедува долгорочна корист
по здравјето за секого и тоа
е факт што не смее да се занемарува. Секој има корист од вежбањето без разлика
на возраста, полот и телесните можности. За да се постигне добар психофизички
развој кај децата и младите треба што е можно порано да се вклучи физичката
активност во нивното секојдневие. Но, никогаш не е доцна да се започне со
редовно рекреативно вежбање. Физичката активност обезбедува општо добро
чувство, го продолжува животот, помага во одржување на доброто здравје и го
подобрува квалитетот на живеењето:
Одбојност кон физичката активност поради страв од повреди
не смее да е пречка зошто на пример пешачењето со средна брзина во принцип е
безбедно за повеќето луѓе. Позната вистина е дека физичката активност далеку
повеќе му носи корист на телото отколку што носи ризик од штета или повреда.
Волшебната формула за постигнување добро здравје, вито тело и бистар ум во себе вклучува:
Човекот
не може да мисли исправно, љуби добро и спие убаво ако не се храни правилно
Позитивниот
приод во тешките моменти низ животот е тоа што го контролира прекумерниот стрес
и помага успешно да се оди понатаму