НутриМедико
 
 
 
mk | en
 
 
Пребарувај
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Пресметка на дневните енергетски потреби

 
Овој калкулатор ја одредува употребената односно потрошената енергија поврзана со животните функции и активностите во текот на денот изразена во калории. Добиениот резултат со оваа пресметка ја зема во предвид и информацијата за вашиот Индекс на телесна маса (БМИ) и препорачаниот внес на енергија во форма на прехранбени продукти.

Важен параметар за пресметката на потребното дневно количество енергија претставува и физичката активност ориентационо одредена според животниот стил односно начинот на животот. Затоа запознајте се со можниот избор на животни стилови кои ја отсликуваат вашата дневна рутина преку кликнување на прашалникот до полето за избор на начинот на живот.

Калкулаторот за дневни енергетски потреби ги користи најновите формули за пресметка на метаболизмот и коефициентот за физичка активност добиени по пат на обемни истражувања од релевантни институции и публикувани во индексирана литература.

Забелешка: Точното одредување на дневните енергетски потреби пресметани во калории може да се постигне само со индивидуално физиолошко тестирање. Сепак, овој калкулатор обезбедува прифатлива проценка на вашите дневни енергетски потреби и може да се употреби за брза споредба на ефектите од промената на животниот стил односно влијанието на различните нивоа на физичка активност врз вкупните дневни енергетски потреби.