Правилна исхрана

Правилната исхрана е процес при кој се добива чувство на исполнетост со енергија и добро расположение и помага да се одржува здрав телесен статус“

Правилната односно здравата исхрана не се состои од
строги ограничувања во изборот на прехранбените продукти, одржување на
несоодветно слабо тело или откажување од омилената храна. Поточно речено, тоа е
процес со кој се постигнува присуство на одлично чувство, исполнетост со
енергија, подобрување на здравјето и подигнување на расположението. Медиумите и
интернетот се преплавени со спротивствени и напати чудни совети за исхрана
и прехранбени продукти или диети препорачувани од „експерти“. При тоа едни
советуваат дека одредени прехранбени продукти или начин на исхрана се
исклучително добри, додека пак други го препорачуваат спротивното. 

Со следење на советите и препораките што се темелат на здравиот начин на хранење се отстрануваат сите сомнежи и двоумења за она што треба да биде вистинскиот начин на исхрана. На тој начин се учи како да се воведат здрави навики во исхраната, вкусно подготвени и енергетски балансирани оброци со употреба на различни прехранбени продукти што се покажува дека е корисно
за телото и умот.

Придржувањето кон здравиот начин на исхрана не е воопшто комплицирано. При тоа не треба да е присутна фокусираност во користењето само на специфични продукти што имаат вакви или такви својства и ефекти, но се препорачува разновидност и количинска рамнотежа во употребата на прехранбените продукти. Основен принцип на здравиот начин на исхрана е употреба на што е можно повеќе свежи продукти при подготовката на оброците. Ваквиот приод со тек на време прави големо подобрување на психо-физичката состојба кај човекот.

Некои приоди во исхраната или диети можеби препорачуваат друго, но општо познат и докажан факт е дека за да се одржи човечкото тело во здрава функционална состојба неопходна му е рамнотежа на неговите составни делови што се всушност и состојки на прехранбените продукти: јаглехидрати, масти, белковни, минерали и витамини. Затоа не треба да се елиминираат одредени категории на прехранбени продукти туку треба да се одбере најздравата опција во секоја од нив.

Здравата исхрана е процес што се моделира од многу фактори како што се возраст, ситуации, склоности, достапност кон прехранбени продукти, култура, традиција и пред се личен избор што се формира со тек на време. Употребата на сите одбрани прехранбени продукти доаѓа во обзир. Во текот на овој процес се добиваат совети и идеи како да се пронајде правиот начин на исхрана според индивидуалните потреби, а со цел за подобрување и одржување на доброто здравје и квалитетот на животот.

Кој е мојот индекс на телесна маса (BMI)?

Кои се моите дневни енергетски потреби? Колку и каква храна треба да консумирам?

ВОЛШЕБНАТА ФОРМУЛА ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ ДОБРО ЗДРАВЈЕ, ВИТО ТЕЛО И БИСТАР УМ ВО СЕБЕ ВКЛУЧУВА:

Правилна исхрана

Човекотне може да мисли исправно, љуби добро и спие убаво ако не се храни правилно

Прочитај повеќе

Физичка активност

Без физичка активност не е можно остварување на поставените цели за воспоставување и одржување на здрав животен стил

Прочитај повеќе

Контрола на стресот

Позитивниот приод во тешките моменти низ животот е тоа што го контролира прекумерниот стрес и помага успешно да се оди понатаму

Прочитај повеќе

Зошто да не изберете нас?

20

INGREDIENTS

460

PACKAGE WEIGHT

135

CALORIES ONLY

Кошничка
Facebook X Instagram YouTube
Start typing to see products you are looking for.